пазар ден однапред

учесник основач

ЕВН Електроснабдување

ЕВН Македонија Електроснабдување е дел од групацијата ЕВН Македонија. ЕВН Македонија е составена од неколку компании: ЕВН Хоум, ЕВН Електроснабдување, ЕВН Електрани и Електродистрибуција, кои ги споделуваат истите вредности и заложби за обезбедување на врвна услуга за корисници и одржливост.

ЕВН Македонија Електроснабдување е компанија која на корисниците им нуди сигурни и висококвалитетни услуги преку својот мотивиран тим и експертско знаење во областа на снабдување со електрична енергија. Со оптимизација на процеси и употреба на напредна технологија, ЕВН Македонија Електроснабдување овозможува флексибилност за исполнување на барањата на корисниците, за зголемување на сигурноста во бизнисот, како и за постигнување на долгорочната одржливост на компанијата.

Од почетокот на либерализацијата на пазарот се докажа дека клучен фактор за успех е познавањето на потребите и очекувањата на корисниците и брзиот одговор на промените на пазарот. Поради тоа, ЕВН Македонија Електроснабдување постојано ги одржува односите со своите корисници на највисоко ниво и успешно ги исполнува сите барања кои произлегуваат од партнерите и надлежните органи.

Во последниве години, пазарот на електрична енергија првенствено се каратеризираше со структурни промени кои се однесуваа на зголемено учество на изворите на обновлива енергија и постепен раст на либерализираниот пазар на електрична енергија. Овие промени беа проследени со бројни активности од страна на ЕВН Македонија Електроснабдување со цел да се зголеми свесноста на корисниците за енергетска ефикасност и за изворите на обновлива енергија.

Како резултат, поголемиот дел од компаниите на либерализираниот пазар ни ја доверија сигурноста на својот бизнис и ја избраа ЕВН Македонија Електроснабдување за свој долгорочен партнер и снабдувач со електрична енергија. Тоа ја позиционираше компанијата како лидер и компанија која ги поставува трендовите во бизнисот на снабдување со електрична енергија.
Како снабдувач со електрична енергија ги исполнуваме дневните потреби за електрична енергија на нашите корисници. Преку нашите сигурни и висококвалитетни услуги постигнуваме одржлив придонес кон безбедноста и квалитетот на нивната работа.

Статусот на стабилен и долгорочен партнер кај корисниците го постигнуваме со поставување на највисоки стандарди за квалитет за нашите продукти и услуги по конкурентни и фер цени. Со обезбедување на исклучително знаење и високо ниво на ефикасност, секогаш се стремиме да ги достигнеме нивните очекувања на најоптимален начин.

    ДенОднапред

    Новости

    Ресурси

    Правила и документи

    Прием на учесници

    Упатство за трговци

    Клиринг

    Клиринг портал

    +389 2 329 7879

    Максим Горки 4
    1000 Скопје
    С.Македонија