пазар ден-однапред

учесник основач

РЕС

Reneweble Energy Supply (РЕС) е компанија чија основна дејност е снабдување со електрична енергија и со работа на македонскиот пазар започна на 1.3.2022 година.

Со уникатни понуди за потребите на секој клиент, РЕС се афирмираше како лидер на пазарот за електрична енергија и оперира со најголемата балансна група во земјата.

РЕС е компанија која нуди иновативен пристап за снабдување со електрична енергија, во кој ги интегрира производителите на електрична енергија од обновливи извори во еден центар од каде обезбедува директно снабдување за македонските корисници на слободниот пазар.

РЕС го откупува најголемиот дел од производството на електрична енергија од обновливи извори од Р. Северна Македонија и значаен дел од производството од обновливи извори од Р. Бугарија и го пласира до македонското стопанство и институции.

На тој начин се добива стабилна, поевтина и поеколошка електрична енергија за потребите на клиентите, а компаниите преку снабдувањето од РЕС стануваат дел од светските трендови за одржлив економски развој и општествено одговорни компании кои се грижат за околината и за јаглеродниот отпечаток од нивното деловно работење.

РЕС е основана од компаниите Централ Инвест од Р. Северна Македонија и Кер Токи од Р. Бугарија, кои се лидери во производството на електрична енергија од обновливи извори на македонскиот и бугарскиот пазар.

    ДенОднапред

    Новости

    Ресурси

    Правила и документи

    Прием на учесници

    Упатство за трговци

    Клиринг

    Клиринг портал

    +389 2 329 7879

    Максим Горки 4
    1000 Скопје
    С.Македонија