пазар ден-однапред

учесник основач

Макстил

Макстил АД е основана во 1997, по сопственичкото реструктурирање на Рудници и железарница „Скопје“, која отпочна со производство во 1967 година.

Во мај 1996 година, Владата на Република Македонија, како мнозински сопственик, започна со барање на потенцијални купувачи како дел од програмата за приватизација. Индустрискиот капацитет Рудници и железарница „Скопје“ беше поделен на десет делови, а Макстил беше еден од нив. Во март 1997, Дуферко ја отпочна инвестицијата во Макстил.

Почнувајќи од 2016 година, Duferco International Trading Holding има нова акционерска структура како резултат на последната аквизиција. Трговската и дистрибуциска мрежа на DITH во Лугано е одговорна за околу 80 % од вкупните продажби на Макстил на регионалниот пазар на ЕУ, но исто така и на други пазари, како што се САД, Канада, Блискиот Исток и Северна Африка.

Продажниот тим на Макстил во Скопје е одговорен за продажбите на домашниот пазар, вклучително Турција, Романија и балканските држави.

Макстил АД е производител на челик со долга индустриска традиција. Производниот процес е составен од два производни погона: Челичарница и Валавница за дебели лимови.

Во погонот Челичарница се врши топење на старото железо во електро печка, потоа во казанската печка се врши рафинирање односно подобрување на својствата на течниот челик, за да на крајот во контилив машината се обликува челикот во слабови. Во Валавницата за дебели лимови од слабовите се валаат топловалани дебели лимови, согласно барањата на купувачите, бидејќи Макстил работи секогаш за однапред познати купувачи. Крајниот производ на Макстил се користи за инвестициона потрошувачка, во бродоградбата, машиноградбата, градежната индустријата како и во инфраструктурата. Макстил во моментот брои повеќе од 900 вработени.

    ДенОднапред

    Новости

    Ресурси

    Правила и документи

    Прием на учесници

    Упатство за трговци

    Клиринг

    Клиринг портал

    +389 2 329 7879

    Максим Горки 4
    1000 Скопје
    С.Македонија