Организиран пазар на електрична енергија
Тргување
Тргување
МЕМО поседува лиценца за вршење на енергетска дејност Организирање и управување со пазарот на електрична енергија ЕЕ-ОПЕЕ-1911-2026. Назначени сме за Оператор на организираниот пазар на електрична енергија согласно член 119 од Законот за енергетика.
Тргувањето на организираниот пазар на електрична енергија со кој управува МЕМО може да се врши на пазарот ден однапред и пазарот во тековниот ден.
Тргувањето на организираниот пазар на електрична енергија се врши согласно Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија. Овие правила се состојат од Општите правила за работа на организираниот пазар на електрична енергија, Оперативни правила, Правила за клиринг и финансиско порамнување за организираниот пазар на електрична енергија и Кодексот на однесување.
Пазарот ден однапред овозможува тргување со производи за физичка испорака на македонскиот пазар на електрична енергија за наредниот ден, како што е дефинирано во Правилата. Овие производи може да се тргуваат од регистрирани учесници на организираниот пазар кои се регистрирале да учествуваат на пазарот ден однапред.
Пазарот во тековниот ден овозможува тргување со производи за физичка испорака на македонскиот пазар на електрична енергија за во текот на денот, како што е дефинирано во Правилата. Овие производи може да се тргуваат од регистрирани учесници на организираниот пазар кои се регистрирале да учествуваат на пазарот во тековниот ден.
Наша цел е да обезбедиме транспарентни и ажурирани информации за тргувањето со електрична енергија на организираниот пазар со кој управува МЕМО. Со развитокот на овој пазар, ние ќе продолжиме да ја ажурираме оваа страница со најновите случувања и информации.
Ден Однапред
Тековниот Ден
Новости
НЕРАБОТЕН ДЕН
Согласно календар на празници – 2026, 01.05 (Петок) e неработен ден за активностите поврзани со...
НЕРАБОТЕН ДЕН
Согласно календар на празници – 2026, 10.04 (Петок) и 13.04 (Понеделник) се неработни денови за...
ОДЛУЖУВАЊЕ НА АУКЦИЈА
Почитувани учесници на пазарот, Процесот на аукција на MEMO за (31.03.2026) е одложен поради...
НЕРАБОТЕН ДЕН
Согласно календар на празници – 2026, 20.03 (Петок) е неработен ден за активностите поврзани со...
НЕРАБОТЕН ДЕН
Согласно календар на празници – 2026, 19.01 (Понеделник), е неработен ден за активностите поврзани...
НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ
Согласно календар на празници – 2026, 01.01 (Четврток), 06.01 (Вторник), 07.01 (Среда) е неработен...
НЕРАБОТЕН ДЕН
Согласно календар на празници – 08.12.2025 (Понеделник) е неработен ден за активностите поврзани...
НЕРАБОТЕН ДЕН
Почитувани учесници на пазарот, Според празничниот календар – 23.10.2025 (четврток) е не работен...
Доцнење во објавување на резултати
Почитувани учесници на пазарот, Процесот на аукција на MEMO за (20.10.2025) е одложен поради...
НЕРАБОТЕН ДЕН
Согласно календар на празници – 08.12.2025 (Понеделник) е неработен ден за активностите поврзани...
Ресурси
Правила и документи
Прием на учесници
Упатство за трговци
Клиринг
Клиринг портал
