пазар ден-однапред
учесник основач
МЕПСО
МЕПСО е компанија во целосна државна сопственост, која е формирана во 2005 година со трансформацијата на Електростопанство на Македонија. Основна дејност на МЕПСО е непречен пренос на електричната енергија низ високонапонската мрежа и редовен и навремен ток на електрична енергија до своите клиенти: директните потрошувачи (Бучим, ОКТА, Макстил, Арчелор Митал, Југохром Фероалојс, Скопски легури, Фени Индустри, Македонски Железници) и до дистрибутивните мрежи на ЕВН Македонија и на ЕСМ Енергетика.
Двете клучни функции на МЕПСО се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. МЕПСО е одговорен за редовен пренос на електрична енергија од македонската граница до дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија или до наброените директни потрошувачи. МЕПСО го организира и диспечира и транзитот на електрична енергија, а воедно се грижи за балансирање на електроенергетскиот систем.
За својата работа МЕПСО наплаќа тарифа за пренос на електрична енергија која ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика врз основа на трошоците на МЕПСО. Нашата компанија функционира на регулиран пазар и врши јавен сервис за граѓаните и за македонската економија.
МЕПСО управува со високонапонската далноводна мрежа и трафостаниците на 400 kV и 110 kV напонско ниво. МЕПСО оперира со: далноводи со вкупна должина која надминува 2.200 километри, во која се вмрежени повеќе од 50 трансформаторски станици во кои функционираат трансформатори со инсталирана моќност од 6.417 мегаволт-ампери (MVA). МЕПСО вработува повеќе од 400 лица.
ДенОднапред
Новости
НЕРАБОТЕН ДЕН
Според календарот на празници – 06.06.2025, е неработен ден за клиринг активности. Клирингот на...
Скратување на алоцирана количинa
Согласно параметрите на МЕМО ПДО на денешната аукција 02.05.2025 за ден на испорака 03.05.2025...
Скратување на алоцирана количинa
Согласно параметрите на МЕМО ПДО на денешната аукција 01.05.2025 за ден на испорака 02.05.2025...
НЕРАБОТЕН ДЕН
Според календарот на празници – 01.05.2025, е неработен ден за клиринг активности. Клирингот на...
Скратување на алоцирана количинa
Согласно параметрите на МЕМО ПДО на денешната аукција 30.04.2025 за ден на испорака 01.05.2025...
Скратување на алоцирана количинa
Согласно параметрите на МЕМО ПДО на денешната аукција 29.04.2025 за ден на испорака 30.04.2025...
Скратување на алоцирана количинa
Согласно параметрите на МЕМО ПДО на денешната аукција 28.04.2025 за ден на испорака 29.04.2025...
Скратување на алоцирана количинa
Согласно параметрите на МЕМО ПДО на денешната аукција 27.04.2025 за ден на испорака 28.04.2025...
Скратување на алоцирана количинa
Согласно параметрите на МЕМО ПДО на денешната аукција 26.04.2025 за ден на испорака 27.04.2025...
Скратување на алоцирана количина
Согласно параметрите на МЕМО ПДО на денешната аукција 25.04.2025 за ден на испорака 26.04.2025...
Ресурси
Правила и документи
Прием на учесници
Упатство за трговци
Клиринг
Клиринг портал