Пазар Ден-Однапред

Тргување

Тргување

МЕМО поседува лиценца за вршење на енергетска дејност Организирање и управување со пазарот на електрична енергија. Назначени сме за Оператор на организираниот пазар на електрична енергија согласно член 90 од Законот за енергетика и нашата лиценца за вршење работи на организација и управување со пазарот на електрична енергија е дополнета со правата и обврските на операторот на организираниот пазар на електрична енергија.

Во моментов, тргувањето на организираниот пазар на електрична енергија со кој управува МЕМО може да се врши на сегментот „ден однапред“, додека сегментот на “пазарот во текот на денот” ќе биде воведен во следниот период.

Тргувањето на организираниот пазар на електрична енергија се врши согласно Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија. Овие правила се состојат од Општите правила за работа на организираниот пазар на електрична енергија, Оперативни правила, Правила за клиринг и финансиско порамнување за организираниот пазар на електрична енергија и Кодексот на однесување.

Пазарот ден однапред овозможува тргување со производи за физичка испорака на македонскиот пазар на електрична енергија, како што е дефинирано во Оперативните правила. Овие производи може да се тргуваат од регистрирани учесници на пазарот, што вклучува процедура за регистрација наведена во Оперативните правила.

Наша цел е да обезбедиме транспарентни и ажурирани информации за тргувањето со електрична енергија на организираниот пазар со кој управува МЕМО. Со развитокот на овој пазар, ние ќе продолжиме да ја ажурираме оваа страница со најновите случувања и информации.

ДенОднапред

Новости

Ресурси

Правила и документи

Прием на учесници

Упатство за трговци

Клиринг

Клиринг портал

+389 2 329 7879

Максим Горки 4
1000 Скопје
С.Македонија