Пазар Ден-Однапред

Прием на учесници

Прием на учесници

ПРЕДУСЛОВ: ДА БИДЕТЕ РЕГИСТРИРАНИ ВО РЕГИСТАРОТ НА ПАЗАР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА и ДА ИМАТЕ РЕГУЛИРАНО БАЛАНСНА ОДГОВОРНОСТ

Постапката за регистрација во горенаведениот Регистар може да ја најдете на следниот линк.

Постапка за регистрација на ПДО

  1. Поднесете го Образецот за барање за учество на организираниот пазар на електрична енергија – сегмент ден-однапред со копија од вашата лиценца и Тековна состојба издадена од Централен регистар
  2. По верификацијата на документацијата од МЕМО, ќе добиете известување за прием на организираниот пазар со пополнет модел на договор и фактура за прием. Потпишаниот договор треба да се достави до МЕМО во 4 примероци.
  3. Добредојдовте на организираниот пазар на електрична енергија

Дополнителни алатки потребни за активно тргување:

  • Врз основа на вашите планови за тргување, ќе ви бидат побарани финансиски гаранции во форма на банкарски гаранции или паричен депозити.
  • Ако вашите трговци имаат потврда издадена од друг организиран пазар на електрична енергија во сегмент ден однапред кој ја користи платформата за тргување на EPEX Spot, тие ќе бидат по автоматизам сертифицирани за пазарот ден однапред на MEMO. Во спротивно, МЕМО ќе изврши обука и сертифицирање на вашите трговци. Обуката и испитот за сертифицирање се бесплатни за нашите учесници.
  • За да пристапите до порталот за клиринг, ќе ви треба дигитален сертификат издаден од органот надлежен за издавање на дигитални сертификати.
  • Ќе ви бидат обезбедени Правилата за работа на организираниот пазар и останата неопходна документација како што се упатства и дополнителни прирачници, како и инсталација на клиентот ETS потребен за тргување на пазарот ден однапред.

ДенОднапред

Новости

Ресурси

Правила и документи

Прием на учесници

Упатство за трговци

Клиринг

Клиринг портал

+389 2 329 7879

Максим Горки 4
1000 Скопје
С.Македонија