ДОБРЕДОЈДЕ НА ДИСАМ НМ ДООЕЛ Скопје

Ни претставува задоволство и официјално да посакаме добредојде на ДИСАМ НМ ДООЕЛ Скопје на македонскиот организиран пазар на електрична енергија во сегментот ден-однапред.

Прв ден за тргување на ДИСАМ НМ ДООЕЛ Скопје ќе биде 28.06.2023 година.

Групацијата Energi Danmark е една од водечките групи за тргување со енергија во нордискиот регион со активности во тргување со електрична енергија, трговија со јаглерод и гас, управување со портфолио и поврзано тргување со деривативни финансиски инструменти. ДИСАМ НМ ДООЕЛ Скопје е во сопственост на Енерџи Данмарк која работи на повеќе од 30 пазари низ Европа и глобално. Со 30-годишно искуство во енергетската индустрија, имаме темелно познавање на енергетскиот сектор, тргување со енергија, управување со ризик, управување со портфолио и рамнотежа помеѓу производството и потрошувачката. Со своето основање во 2019 година, ДИСАМ НМ ДООЕЛ Скопје ја продолжува визијата на Групацијата за проширување на источноевропскиот пазар на електрична енергија.

Со придружувањето на ДИСАМ НМ ДООЕЛ Скопје, пазарот ден-однапред брои 25 учесници.

Голема благодарност до сите за нивната доверба

W 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ДенОднапред

Новости

Ресурси

Правила и документи

Прием на учесници

Упатство за трговци

Клиринг

Клиринг портал