ДОБРЕДОЈДЕ НА MVM Partner Ltd

Ни претставува задоволство и официјално да посакаме добредојде на MVM Partner Ltd на македонскиот организиран пазар на електрична енергија во сегментот ден-однапред..
Првиот трговски ден за MVM Partner Ltd е закажан за утре – 02.10.2023 година.

MVM Partner Energy Trading Ltd (MVM Partner Ltd) е единствената компанија за големопродажба на електрична енергија на најважната групација за електрична енергија во сопственост на Унгарија, MVM Group, и единствениот снабдувач со електрична енергија на MVM Next Energy Trading Ltd. MVM Partner Ltd е главен играч на унгарскиот енергетски пазар поради неговиот динамичен развој.
Од своето основање на 5 септември 2002 година, MVM Partner Ltd активно тргува и на домашниот и на странскиот пазар на електрична енергија. MVM Partner Ltd, како најголем продавач на електрична енергија на унгарскиот пазар, со најголемо договорено портфолио за производство во Унгарија, придонесува за безбедноста на снабдувањето на унгарскиот електроенергетски систем на повеќе начини. Компанијата ги снабдува поголемиот дел од домашните корисници кои имаат право на универзална услуга преку давателите на универзална услуга. Преку обезбедување на помошни услуги, компанијата дава значаен придонес за стабилно работење на унгарскиот електроенергетски систем и непречено снабдување со електрична енергија. Исто така, ја има најголемата билансна групација на унгарскиот пазар на електрична енергија, која се состои од големи електрани, мали електрани, генератори за обновливи извори на енергија, потрошувачи и трговци.

Со придружувањето на MVM Partner Ltd, пазарот ден-однапред брои 26 учесници.

Голема благодарност до сите за нивната доверба

  W 

 

 

ДенОднапред

Новости

Ресурси

Правила и документи

Прием на учесници

Упатство за трговци

Клиринг

Клиринг портал